ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ОТИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА НАПАДНАТ БИТОЛСКИ СОВЕТНИЦИ В КАФЕАНА

    ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ОТИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА НАПАДНАТ БИТОЛСКИ СОВЕТНИЦИ В КАФЕАНАПриведените исто така се однесувале агресивно кон полициски службеници. (Фото: СДК.МК)

    Синоќа околу 21.20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле А. Т.(48), А. Т.(26) и М. Т.(27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Советот на Општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив, соопштија од полицијата.

    Дел од советниците во ресторанот биле на предновогодишна дружба по напорната седница вчера за Буџетот на Општина Битола.

    Според СВР, приведените исто така се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира