ТРОЈЦАТА МАЛОЛЕТНИЦИ ОД ВЕЛЕС КОИ НАТЕПАА И ОГРАБИЈА ЈАПОНСКИ ТУРИСТИ ОСУДЕНИ НА ШЕСТ ГОДИНИ ЗАТВОР И ПОПРАВЕН ДОМ

    ТРОЈЦАТА МАЛОЛЕТНИЦИ ОД ВЕЛЕС КОИ НАТЕПАА И ОГРАБИЈА ЈАПОНСКИ ТУРИСТИ ОСУДЕНИ НА ШЕСТ ГОДИНИ ЗАТВОР И ПОПРАВЕН ДОМТрите малолетни лица во Основниот суд Велес беа обвинети за разбојништво и за одземање на моторно возило

    Шест години затвор за деца и воспитно-поправен дом за малолетници добија трите деца од Велес, кои пролетоска нападнаа јапонски туристи. Ова е првостепената пресуда, која беше изречена во Основен суд Велес.

    Трите малолетни лица беа обвинети за кривичните дела разбојништво и одземање на моторно возило. С.У. притоа доби шест години затвор за деца, а Б.Д. и С.Ќ. се упатени во воспитно-поправен дом.

    Настанот се случи на 1 мај околу 15 часот на локалниот пат од Катланово кон Брезница. Откако ги пресретнале јапонските државјани, кои со велосипеди се движеле на патот, тие физички ги нападнале. Им одзеле 3.000 евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „ајфон“, притоа нанесувајќи им тешки телесни повреди.

    Претходно истиот ден, во Гостивар украле „форд мондео“ со гостиварски регистарски таблички, што го употребиле неколку часа подоцна во извршувањето на разбојништвото. Тројцата малолетници се на возраст од 15 до 17 години.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари