Силното невреме, проследено со ветер и големи бранови ги затрупаа плажите на источното охридско крајбрежје со трски, а на дел од нив им ги урнаа заштитните ѕитчиња.
Тоа може да се види на плажите кај Елешец каде што на лето преку ден има и по неколку илјади капачи.
Од „Охридски Комуналец“ велат дека концесионерите на плажи имаа обврска да ги одржуваат плажите и оти тие реагираат само на повик од оние кои стопанисуваат со нив.
Но, со оглед на тоа дека концесиите на сите плажи престанаа да важат уште во мај минатата година, а нов оглас за доделување на концесии локалната самоуправа треба да распише наскоро, плажите до одредувањето на концесионерите ќе нема кој да ги чисти.
Д. ЧУБРИЌ