ЦЕЛА ВЕЧЕР ВО БИТОЛА СЕ ПОПРАВАА ВОДОВОДНИ ЦЕВКИ ИСПУКАНИ ОД СТУДОТ

    ЦЕЛА ВЕЧЕР ВО БИТОЛА СЕ ПОПРАВАА ВОДОВОДНИ ЦЕВКИ ИСПУКАНИ ОД СТУДОТРаботниците на „Водовод“ работеа на остранување на дефектите до пет часот изутринава. (Фото: СДК.МК)

    Екипите на Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола цела вечер останаа на терен санирајќи ги дефектите кои ги предизвикаа температурните промени по студот од кој беше зафатен градот во изминатите денови.

    Вчеравечер се појавија неколку дефекти на водоводната мрежа, од кои посериозен кај населбата Кланица, во близина на Железното мовче, на Булеварот Први Мај. Испуканите цевки предизвикаа поплавување на коловозот. За да се санира дефектот мораше да се крши и отстрани дел од асфалтот, а багерите ја црпеа надојдената вода и ја тураа во реката Драгор. Работниците на „Водовод“ работеа на остранување на дефектите до пет часот изутринава.

    Поради ваквите проблеми на водоводната мрежа, дел од населените места во градот имаа вода со намален притисок.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари