ЦЕНАТА НА ВОДАТА ВО СКОПЈЕ ОСТАНУВА ИСТА, ШИЛЕГОВ ГО ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГОТ ЗА ПОСКАПУВАЊЕ

    ЦЕНАТА НА ВОДАТА ВО СКОПЈЕ ОСТАНУВА ИСТА, ШИЛЕГОВ ГО ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГОТ ЗА ПОСКАПУВАЊЕСкопскиот градоначалник обвини дека Регулаторна комисија е партизирана институција од минатата власт. - Петре Шилегов во градското собрание (Фото: СДК.МК)

    Сметките за вода во Скопје нема да поскапат. Градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје ја повлече точката со која што се предвидуваше да се вметне нова давачка за одржување на пречистителни станици.

    Шилегов рече дека одлуката на Регулаторната комисија била политичка и затоа скопјани нема да плаќаат повисоки сметки.

    „Додека сум јас градоначалник заради политичка одлука на партизирана институција од минатата власт нема да дозволам граѓаните да плаќаат поскапа вода. Направивме длабинска анализа на финансиското работење, а ЈП ‘Водовод и канализација’ и со домаќинско работење во наредниот период ќе ги сервисираме потребите“, рече градоначалникот Шилегов.

    Повлечената предлог одлука предвидуваше граѓаните да плаќаат 2,4 денари за метар кубен вода за новата давачка одржување на пречистителни станици. Со предлогот, цената на водата требаше да се намали од 29,39 денари за метар кубен на 28,67 денари. Со тоа, просечна сметка од 500 денари требаше да биде 522 денари.

    Ова значи дека скопјани и во наредниот период ќе плаќаат исти сметки за вода, односно 29,39 денари за кубен метар.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира