ЦЕНТАР, КИСЕЛА ВОДА, АЕРОДРОМ И НОВО ЛИСИЧЕ БЕЗ ВОДА ПОРАДИ ПУКНАТА ЦЕВКА КАЈ ОЛИМПИСКИ БАЗЕН

    ЦЕНТАР, КИСЕЛА ВОДА, АЕРОДРОМ И НОВО ЛИСИЧЕ БЕЗ ВОДА ПОРАДИ ПУКНАТА ЦЕВКА КАЈ ОЛИМПИСКИ БАЗЕНОд ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека има дефект на цевка ф500 мм за чие санирање има потреба да се затвори цевка од ф1.400 мм, а со тоа голем дел од Скопје ќе има прекин на водоснабдувањето.(Фото: СДК.МК)

    Денеска без вода  ќе останат жителите на Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Драчево и Пинтија поради голем дефект на булевар Кочо Рацин спроти Олимписки базен.

    Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека има дефект на цевка ф500 мм за чие санирање има потреба да се затвори цевка од ф1.400 мм, а со тоа голем дел од Скопје ќе има прекин на водоснабдувањето.

    „Имајќи ја предвид природата на дефектот, кој е од големи размери, известуваме дека во соработка со ЈП ‘Комунална хигиена‘ обезбеди цистерни со техничка вода кои ќе циркулираат во овие делови на градот. За локациите на цистерните, граѓаните треба да се обратат до Дежурно-информативниот центар на телефонскиот број 3073-010“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

    Од таму не можат да прецизираат до кога делови од Скопје ќе бидат без вода, но ќе се работи за до вечер дефектот биде саниран.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира