Жителите на населбите Аеродром и Ново Лисиче и денеска се без вода. Ова е трет пат во рок од десетина дена, граѓаните да се без вода цел ден.
Низ булеварот Јане Сандански од утрово кружат цистерни со питка вода од ЈП „Водовод и канализација“. Како што соопштија од претпријатието вода во Аеродром и во Ново Лисиче овојпат нема бидејќи пукнала цевка од Ф-400мм на булеварот Србија утрово во 6 часот.
„Не знаеме до кога ќе нема вода. Во текот на денот дефектот ќе биде саниран. За граѓаните пуштени се цистерни со питка вода кои ќе кружат од Три Бисери до ТЦ Капитол и од Поштата до последната автобуска станица на 15-ка“, велат од ЈП„Водовод и канализација“.
Мината недела вода немаше поради градежни работи на кружниот тек во населбата Кисела Вода.