ЦРНИ БАЛОНИ ЗА КОЦЕ НА ПРОТЕСТОТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЦРНИ БАЛОНИ ЗА КОЦЕ НА ПРОТЕСТОТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО СКОПЈЕ

    Протестот против загадувањето на воздухот во Скопје заврши со фрлање црни балони пред бараките на администрацијата на Град Скопје на градоначалникот Коце Трајановски.

    Неколку стотици граѓани на протестот, организиран од неколку еколошки организации, попладнево пред Градскиот парк го изразија својот револт од енормното загадување на воздухот со транспаренти „У… ПМ 10“, „Белите дробови ни се црни“, „Сакам Дедо Мраз да ми донесе воздух“, „Кога ќе пораснам, сакам да дишам“, кои ги оставија на оградата и ги замолија полицајците да не ги тргаат оти и тие се гушат во загаден воздух.protest-zagaden-vozduh-4343923dssd55232

    Протестот го организираа еколошките граѓански иницијативи „Скопје смог аларм“, „Скопје бара чист воздух“, „Ајде Македонија“, „Сакаме Аеродром да дише“, „Но пасаран“ и „Во одбрана на Дебар Маало“.

    М. И. ПАЧЕМСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира