ТУРБОФОЛК ЗАБАВИ БЕЗ КОВИД МЕРКИ ЕЧАТ ВО БИТОЛА, ИНСПЕКТОРИТЕ ФАТИЈА САМО ЕДНА

    ТУРБОФОЛК ЗАБАВИ БЕЗ КОВИД МЕРКИ ЕЧАТ ВО БИТОЛА, ИНСПЕКТОРИТЕ ФАТИЈА САМО ЕДНАБитолчани кажуваат дека имало и други турбофолк забави, само што инспекторите ја фатија оваа при вчерашниот увид; - Центарот на Битола . (Фото: СДК.МК)

    Државниот пазарен инспекторат ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за популарен ресторан-бар во Битола, во кој при вчерашната контрола била затекната турбофолк забава без почитување на здравствените протоколи. На социјалните мрежи е објавена снимка од забавата оганизирана со бенд и пејачка, а околу има гужва, гостите се забавуваат без маски и дистанца. На фејсбук страницата на локалот има најави за гостување на музички бендови од среда до недела, но пишува дека настаните ќе бидат организирани според протоколите за заштита од ковид-19.

    Воедно, против друг локал од Битола ќе биде поднесена прекршочна пријава поради пречекорување на работното време.

    Битолчани кажуваат дека имало и други турбофолк забави, само што инспекторите ја фатија оваа при вчерашниот увид. Вчера, Државниот пазарен инспекторат за осум локали низ земјава поднесе кривични пријави за непочитување протоколи, 7 за организирање свадби и 4 прекршочни пријави за надминување на работно време. По ова, на денешната седница Владата разгледува воведување нови рестриктивни мерки, меѓу кои и забрана за гостување на пејачи и диџеи во угостителски објекти.

    Дел од битолските угостители и музичари реагираат дека поради нечии неодговорни постапки ќе треба да страдаат сите локали и уметници. Со ваквите мерки ќе опадне прометот во локалите, а пејачите дури и оние кои настапуваа по еден или двајца на дистанца од гостите во локалите, ќе останат без свирки, а со тоа и без пари.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира