ТУРИСТИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА ГАЗАТ ПО МОЗАИЦИТЕ ВО ХЕРАКЛЕЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТУРИСТИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА ГАЗАТ ПО МОЗАИЦИТЕ ВО ХЕРАКЛЕЈА

    Туристите веќе не смеат да газат по мозаиците во Хераклеја и да одат по ѕидовите на археолошкиот локалитет во Битола. Тоа беше практика која се применуваше со години наназад во локалитетот, иако е споменик на културата од прва категорија.

    „Ги сменивме патеките по 40 години. Повеќе не дозволуваме посетителите да се  движат на ѕидовите на локалитетот . Оградени се мозаиците, не смеат преку нив да газат. Направени се патеки низ кои можат да се движат. Ќе поставиме и метални платформи, дел по дел патеките комплетно ќе ги регулираме. За оваа намена користиме дел од средствата заработени и од посетата на туристите“, рече за САКАМДАКАЖАМ.МК Зоран Алтипармаков, директор на битолскиот Завод и музеј.

    Годинава античкиот локалитет Хераклеја и музејската поставка во Заводот ги посетиле 35.000 туристи. Тоа се претежно странски туристи, вели Алтипармаков, а домашни за жал има малку.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира