ТУРИСТИТЕ ВО ОХРИД СЕ ПАРКИРААТ В ШУМА ЗА ДА НЕ ПЛАЌААТ ПАРКИНГ

    ТУРИСТИТЕ ВО ОХРИД СЕ ПАРКИРААТ В ШУМА ЗА ДА НЕ ПЛАЌААТ ПАРКИНГЗа да избегнат плаќање паркинг, кој на плажите за цел ден чини од 150 до 200 денари, луѓето се паркираат в шума. (Фото:СДК.МК)

    Охрид е преполн за продлжениот викенд, а охриѓани велат дека гужвата ги потсетува на периодот околу 2 август, кога во градот има најмногу туристи. Најполни се плажите Горица 2, Горица 3 и Славија, каде што и охриѓаните и гостите главно се дојдени со свои реквизити за плажа.

    За да избегнат плаќање паркинг, кој на плажите за цел ден чини од 150 до 200 денари, луѓето се паркираат в шума.

    „Ем сенка, ем гратис паркинг. Каде ќе ни е крајот ако платиме паркинг 150 денари и уште 300 за две лежалки. Вака, си носиме свои столчиња, а паркингот овде не се плаќа“, ни рече еден турист од Скопје.

    Охриѓани велат дека потопол јуни, а и мај одамна не паметат, а водата е топла за капење како да е јули или август. Полн е и центарот на градот, каде што исто така едвај се наоѓа паркинг.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира