УАПСЕН 18-ГОДИШНИК ЗА ЛАЖНИТЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ТЕТОВСКИТЕ УЧИЛИШТА

    УАПСЕН 18-ГОДИШНИК ЗА ЛАЖНИТЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ТЕТОВСКИТЕ УЧИЛИШТАДенеска со судска наредба извршен претрес во неговиот дом во село Пласница. (Фото: СДК.МК)

    Осумнаесетгодишник од тетовското село Палатица било лицето кое во неколку наврати доставувало дојави дека во неколку основни и средни училишта во Тетово се подметнати бомби, соопшти полицијата. Иако после проверката на полицијата во објектите се утврди дека сите дојави се лажни, наставата беше прекинувана, а дојавите предизвикаа вознемиреност кај жителите.

    „На 27.02.2026 во 09:10 часот во село Палатица, Тетовско, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М. Р. (18) од село Палатица. Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни“, велат од СВР Тетово.

    Денеска, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во селото, при што биле одземени повеќе електронски уреди.  Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира