УАПСЕНА ВРАБОТЕНА ВО МАЛ ГРУПЕН ДОМ ВО БИТОЛА ОТИ ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ ВРЗАЛА ВО КРЕВЕТ ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ

    УАПСЕНА ВРАБОТЕНА ВО МАЛ ГРУПЕН ДОМ ВО БИТОЛА ОТИ ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ ВРЗАЛА ВО КРЕВЕТ ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕМалиот групен дом во Битола беше отворен во 2018. (Фото: СДК.МК)

    Уапсена е вработена во мал групен дом во Битола, бидејќи запуштила шестгодишно дете згрижено во домот, соопшти Битолската полиција.  Уапсена е 37-годишната Х. В. К. од Битола. Не се откриваат детали за однесувањето на вработената кои придонеле детето да биде запуштено. Но, неофицијално дознаваме дека детето било ставено во кревет врзано во вреќа за спиење, на начин што не можело да ја напушти постелата.

    „На 4 јуни полициски службеници од полициската станица Битола ја лишиле од слобода Х. В. К. (37) од Битола, вработена во јавна установа за згрижување на деца во Битола, бидејќи истата со запоставување на својата должност, ги запуштила малолетниците згрижени во мал групен дом. По документирање на случајот против неа ќе следува кривична пријава“, соопшти СВР Битола.

    Малиот групен дом е под надлежност на Домот за доенчиња и мали деца од Битола. Дека е детеето запуштено од вработената било констатирана за време на контрола од надлежно лице.

    Од Министерство за труд и социјална политика соопштија дека согласно законите, против вработената ќе биде покрената дисциплинска мерка, а детето е однесено на лекарски преглед и констатирано е дека е во добра психичка и физичка состојба.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира