15-годишен ученик од гостиварското село Симница физички нападнал наставник од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од истото село. Инцидентот се случил вчера изутрина пред почетокот на првиот час.
Првин, започнала вербална расправија помеѓу 15-годишниот ученик и наставникот Ш.К. (62) поради тоа што ученикот одбивал да влезе во училницата.
Во еден момент, малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото. Тогаш дотрчало друго лице од училиштето и го спречило малолетникот да продолжи со физичкиот напад врз наставникот кој завршил со расекотина на левата страна од главата и оток на челото. Повредениот наставник бил пренезен во здравствена установа каде му била укажана медицинска помош.
Нешто подоцна, во присуство на родител, 15-годишникот бил повикан во Полициската станица Гостивар, било разговарано со него, а по целосното расчистување на сите поединости, тој ќе се соочи со соодветен поднесок.