УЕФА РЕШИЛA ДА НЕМА ПРЕНОС ОД СУПЕР КУПОТ НА ПЛОШТАДОТ

    УЕФА РЕШИЛA ДА НЕМА ПРЕНОС ОД СУПЕР КУПОТ НА ПЛОШТАДОТНавивачи на Манчестер Јунајтед во неутралната фан зона на Плоштадот Македонија. (Фото: СДК.МК)

    На големиот екран на Плоштад Македонија синоќа имаше реклами место пренос во живо од натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид оти така решиле од УЕФА. Од Град Скопје велат дека тие само ги почитувале договорите со фудбалската унија.

    „Правата за пренос во живо на натпреварот беа на УЕФА. Тие имаат строги правила за тоа каде е дозволено да се врши директен пренос. Во живо не се гледаше натпреварот ниту на Боемска улица“, велат од Град Скопје.

    Синоќа, меѓу скопјани, на Плоштад Македонија имаше и големи групи навивачи од странство кои чекаа да почне пренос на големиот екран поставен на барокната фасада на „Сити галери“ . Со пиво во рацете останаа да чекаат речиси до крајот на првото полувреме, надевајќи се дека се работи за некаква техничка грешка, а потоа се разотидоа низ околните кафулиња и ресторани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира