УГИНА ЕДЕН ОД ЛИПИЦАНЕРИТЕ, КУПЕНИ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ 2014“

    УГИНА ЕДЕН ОД ЛИПИЦАНЕРИТЕ, КУПЕНИ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ 2014“Монтоја угинал пред две недели поради болест и старост. (Фото: Град Скопје)

    Угина еден од двата коњи липицанери кои беа купени за разгледување на проектот „Скопје 2014“. Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ кои се грижат со години со коњите велат дека Монтоја угинал пред две недели поради болест и старост.

    „Коњите соодветно ги чуваме, според програма за исхрана, со редовни прегледи, се чешлаат и негуваат. Исто така ги шетаме и јаваме затоа што треба да се движат. Липицанерот кој угина беше стар околу 14 години, беше болен, мускулите му беа слаби. Сега остана само Сигојно кој неколку дена тагуваше по својот другар. Тој и оваа година ќе биде дел од прославата на Бадник пред Соборниот храм Свети Климент Охридски, но сам ќе ја влече кочијата“, ни рекоа вработените кои се грижат и ги негуваат коњите.

    Двата липицанери Монтоја и Сигојно беа купени во 2013 во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски од Грција, а кочијата беше набавена од Полска и чинеа вкупно околу 40.000 евра. Со кочијата и коњите беа организирани тури низ Плоштадот Македонија за разгледување на спомениците и објектите од проектот „Скопје 2014“.

    По доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов проектот беше укинат и коњите од тогаш стојат во шталата до Зоолошката градина. ЈП „Паркови и зеленило“ два пати имаше обид да ги продаде коњите, но беа неуспешни, никој не сакаше да ги купи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира