УГИНА ЖИРАФАТА ТОБОГО ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

    УГИНА ЖИРАФАТА ТОБОГО ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНАЖирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на Зоолошка. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Угина една од трите жирафи во скопската Зоолошка градина. Жирафата Тобого, како што велат од градината, угинала ненадејно вчера, а денеска ѝ била направена обдукција при што не биле констатирани физички повреди.

    „Во наредните денови ги очекуваме целосните резултати за причината за угинувањето на Тобого.
    Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување“, велат од Зоолошката градина.

    Тобого е роден  во Франкфурт, Германија во декември 2010, а жител на Скопје Зоо беше од 5 ноември 2013.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира