УКРАДЕНИ НЕКОЛКУ БИСТИ НИЗ СКОПЈЕ, КРАДЦИТЕ НЕ СЕ ФАТЕНИ

    УКРАДЕНИ НЕКОЛКУ БИСТИ НИЗ СКОПЈЕ, КРАДЦИТЕ НЕ СЕ ФАТЕНИСпомен бистата на Кочо Рацин во Градски парк е оштетена. (Фото: СДК.МК)

    Во Градскиот парк во близина на бараките на Град Скопје, на 12 мај утрото украдена е спомен-бистата на Крсте Петков Мисирков, а бистата на Кочо Рацин е оштетена. Случајот во полиција е пријавен од ЈП „Паркови и зеленило“.

    Истиот ден во 13.25 часот, од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски на подрачјето на Општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била украдена спомен-биста на Пулевски.

    Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека имале пријава оти и од гробни места од градските гробишта Бутел биле украдени две бронзени бисти.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР:

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира