УКРАДЕНИ КАПАЦИ ОД ШАХТИ НА НЕКОЛКУ БУЛЕВАРИ ВО СКОПЈЕ

    УКРАДЕНИ КАПАЦИ ОД ШАХТИ НА НЕКОЛКУ БУЛЕВАРИ ВО СКОПЈЕУкрадени се десетина капаци и решетки на булеварите Илинден и 8 Септември и на улица Карпошово востание. (Фото: СДК.МК)

    На неколку булевари и улици низ Скопје синоќа се украдени капаците од шахтите и решетките за сливниците. Како што велат од ЈП „Водовод и канализација“, нема десетина капаци и решетки долж булеварите Илинден и 8 Септември, како и на улицата Карпошово востание.

    „Случајот е документиран и пријавен во полициската станица во Карпош. Во најбрз можен рок истите ќе бидат заменети. Воедно, сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните да не се крадат капаци, решетки од улиците, бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот“, велат од „Водовод и канализација“.

    Не е првpпат во Скопје да се краде урбана опрема, која потоа се продава како старо железо.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира