УЛИЦА ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ВИКА ПО НОРВЕШКИОТ ДИПЛОМАТ ТОРВАЛД СТОЛТЕНБЕРГ

    УЛИЦА ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ВИКА ПО НОРВЕШКИОТ ДИПЛОМАТ ТОРВАЛД СТОЛТЕНБЕРГНа денешната седница советниците со едноминутно молчење му оддадоа почит на Столтенберг за придонес во обновувањето на Скопје после земјотресот.(Фото: Град Скопје)

    Норвешкиот дипломат и почесен граѓанин на Скопје Торвалд Столтенберг , кој во петокот почина на 84-годишна возраст, ќе добие улица која ќе го носи неговото име.

    На денешната седница советниците со едноминутно молчење му оддадоа почит за неговиот придонес во обновувањето на Скопје после земјотресот. Градоначалникот Шилегов потоа најави дека Град Скопје, во иднина ќе се оддолжи за неговиот несебичен влог со тоа што ќе предложи една од скопските улици да го носи името Торвалд Столтенберг.

    „Столтенберг, во градот Скопје зад себе остави многу вредни зданија, кои и ден-денес, не само што се обележја на едно т.н. постземјотресно време, туку се и зданија кои се парадигма за неговата хуманитарност и солидарност. Затоа улица во градот ќе го носи неговото име“, рече Шилегов.

    Столтенберг имал исклучителни заслуги за помошта што ја добил градот Скопје после катастрофалниот земјотрес во 1963 година, а поради неговиот ангажман со помош на Норвешка и Данска била изградена Детската болница за белодробни заболувања во Козле. По иницијатива на Столтенберг само еден ден по земјотресот, од норвешкиот Црвен крст со транспортен авион, во Скопје биле испратени 2.300 волнени ќебиња, 80 килограми антибиотици, 250 пакети за трансфузија на крв, како и 5000 пакети за прва помош.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира