УЛИЦАТА ВО ЧАРШИЈА КАДЕ МОГЕРИНИ ДОБИ ПОДАРОК БРОШ ЌЕ СЕ ВИКА ЕВРОПСКА УЛИЦА

    УЛИЦАТА ВО ЧАРШИЈА КАДЕ МОГЕРИНИ ДОБИ ПОДАРОК БРОШ ЌЕ СЕ ВИКА ЕВРОПСКА УЛИЦАУлицата покрај ново име, украсена е и со чадори на кои стои знакот на Европската унија.- Новото име на улицата го промовираа евроамбасадорот Самуел Жбогар и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу. (Фото: К. Попов)

    Улицата Јорганџиска во Старата скопска чаршија од денес ќе се вика Европска улица.

    Новото име е дадено откако еден од дуќанџиите на 13 септември при прошетката на Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ Федерика Могерини низ Чаршијата ѝ подари брош.

    Могерини на 13 септември заедно со премиерот Зоран Заев прошета низ Чаршијата и, сосем неочекувано, од еден златар доби подарок филигрански брош во форма на пеперутка.(Фото: СДК.МК)

    Улицата покрај ново име, украсена е и со чадори на кои стои знакот на Европската унија. Новото име на улицата го промовираа евроамбасадорот Самуел Жбогар и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.

    Могерини на 13 септември дојде во посета на Скопје да даде поддршка за референдумот за името кој се одржа на 30 септември. Тогаш Могерини заедно со премиерот Зоран Заев прошета низ скопската Стара чаршија и, сосем неочекувано, од еден златар доби подарок филигрански брош во форма на пеперутка. Таа веднаш го закачи брошот на реверот на белото палто што го носеше.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари