УНИВЕРЗАЛНА САЛА СКАПУВА, МИНИСТЕРКАТА БИСЕРА ЧЕКА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА ДА Ѝ ПРАТИ ИНФОРМАЦИИ

    УНИВЕРЗАЛНА САЛА СКАПУВА, МИНИСТЕРКАТА БИСЕРА ЧЕКА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА ДА Ѝ ПРАТИ ИНФОРМАЦИИМинистерката најавува дека после празниците ќе бара нова средба со градоначалничката. (Фото: К. Попов)

    Ниту Град Скопје ја прави Универзална сала, ниту пак Владата ја презема. Пред еден месец од Владата беше најавено дека ќе се одземат ингеренциите за концертната сала на Град Скопје, бидејќи градоначалничката Данела Арсовска од доаѓањето на функција не ја прави. Но, оттогаш работите не се помрднати од место, па салата скапува, отворена и разурната.

    Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на 16 ноември имаа средба со градоначалничката Арсовска околу преземањето на ингеренциите. Но, оттогаш работите не се мрднати од место. Костадиновска-Стојчевска чека Арсовска да ѝ достави информации, а градоначалничката тоа не го прави.

    Откако имавме состанок јас и министерот Пенов со градоначалничката Арсовска, испративме барање за информација до градоначалничката до каде е состојбата со Универзална сала, дали воопшто има некакво движење и активности таму. Но, до ден денес немаме добиено никаква повратна информација. Град Скопје е влезен во најтесниот круг за добитник за наградата Европска престолнина на културата за 2028 година, а токму Универзална сала се јавува како апликант на тој конкурс. Апелирам, и после празниците ќе иницирам нов состанок со градоначалничката Арсовска, бидејќи мораме заедно и Град Скопје и Министерството за култура, а и Владата да работиме на таа апликација, на таа програма бидејќи е од национален интерес“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата за буџетот на Министерството.

    САКАМДАКАЖАМ.МК изминатава година неколку пати пишуваше дека симболот на Скопје стои разурнат и нема абер да се продолжи реконструкцијата за која се обезбедени пари. Арсовска не ни одговараше на нашите прашање зошто не ги продолжува градежните работи почнати од нејзиниот претходник Петре Шилегов. Таа лани пред Универзална сала се искара со проектантите и претставниците од Асоцијацијата на архитекти (ААМ). Обвини дека проектот не бил безбеден, а проектантот тврдеше дека тој е направен според сите стандарди и одобрен од ИЗИИС.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира