ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО МУ ВРАЧИ ПОЧЕСЕН ДОКТОРАТ НА ЛИДЕРОТ НА ДУИ АЛИ АХМЕТИ

    ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО МУ ВРАЧИ ПОЧЕСЕН ДОКТОРАТ НА ЛИДЕРОТ НА ДУИ АЛИ АХМЕТИПочесната титула на Ахмети му ја врачи ректорот Вулнет Амети (Фото: СДК.МК)

    Државниот универзитетот во Тетово му додели титула почесен доктор на лидерот на ДУИ Али Ахмети на одбележувањето на 26-годишнината од своето формирање. Ова почесно звање, според оценката на Универзитетот, се доделува на личности кои придонеле за развојот на оваа високошколска установа. Почесната титула на Ахмети му ја врачи ректорот Вулнет Амети.

    „Не дојдов со подготвен говор. Дојдов да ви ветам дека и понатаму ќе работам на подобрувањето на албанското образование и на подигањето на вредноста на образовната инфраструктура и условите на универзитетите, затоа што само така можеме да бидеме конкурентни и да одиме напред. Тeмелите се поставени, сега само треба со знаење да бидеме конкурентни на сите полиња“, изјави Ахмети.

    На свеченоста присуствуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери и првиот заменик премиер Артан Груби.

    Груби во говорот истакна дека овој чин „не му прави чест на Али Ахмети, всушност му прави чест на Универзитетот на Тетово и на целата албанската нација“.

    Пред доделувањето на почесната титула, Алијансата на Албанците одржа протест поради оваа одлука. Со неколку пароли и фотографии, тие порачаа дека Ахмети не ја заслужил оваа титула.

    „Универзитетот во Тетово не е на Ахмети, туку на народот. Од денеска, срамот има и свое име: доктор на науки Honoris causa“, беше речено на прес-конференцијата на партијата, која се одржа само на албански јазик.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира