УШТЕ ЧЕТИРИ ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЧКИ БОЛНИ ОД КОРОНАВИРУС, ВКУПНО ШЕСТ ОД ИСТА ФАБРИКА ВО ШТИП

    УШТЕ ЧЕТИРИ ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЧКИ БОЛНИ ОД КОРОНАВИРУС, ВКУПНО ШЕСТ ОД ИСТА ФАБРИКА ВО ШТИППо новите случаи на заразени, текстилната фабрикаа престана да работи, извршена е дезинфекција на халите и канцелариите, а дали ќе биде затворена подолго време зависи од тоа дали ќе се појави и некој нов случај на заразен работник; - Инфективното оддделение на Штипската болница. (Фото: СДК.МК)

    По завчeрaшните две заболени, денеска има нови четири текстилни работнички заболени со КОВИД-19 и сите се од иста фабрика, соопшти Центарот за јавно здравје во Штип.

    „Шестте новозаболени работнички се од иста текстилна фабрика. Сите се со средно тешка клиничка слика и се хоспитализирани во Инфективното одделение во Штип. Состојбата се следи и се преземаат мерки за итно тестирање на сите вработени кај кои ќе се појават првите симптоми на КОВИД-19,“ вели раководителката на Центарот за јавно здравје во Штип Марија Димитрова.

    Дознаваме дека по новите случаи на новозаразени, фабриката престанала да работи и била извршена дезинфекција на халите и канцелариите, а дали ќе биде затворена подолго време зависи од тоа дали ќе се појави и некој нов случај на заразен работник. Според неофицијални информации, автобусот со кој се превезувале заразените текстилни работнички го користеле работнички и од други фабрики, па не е исклучена можноста болеста да се прошири и во некои други текстилни кластери во Штип.

    Денеска, Општинскиот кризен во Штип одржа итна седница, на која за најновата ситуација со коронакризата е разговарано со раководители на текстилни фабрики и со превозниците за зајакнување на превентивни заштитни мерки во автобусите, но и во фабричките хали.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира