УСМРТЕНА МЕЧКА ВО СООБРАЌАЈKA КАЈ ТЕТОВСКОТО СЕЛО ДОБРОШТЕ

    УСМРТЕНА МЕЧКА ВО СООБРАЌАЈKA КАЈ ТЕТОВСКОТО СЕЛО ДОБРОШТЕНема повредени во возилото, а мечката е предадена на Националниот парк 'Шар Планина' (Фото: Фејсбук)

    Ноќеска околу 21 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце се случила сообраќајна несреќа во која возило удрило во мечка која се движела по патот. Мечката од ударот била усмртена додека во возилото нема повредени. Несреќата се случила кај селото Доброште.

    „Вчеравечер во 21 часот и 15 минути во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во тетовско Доброште, патничко моторно возило ‘цитроен’ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот М.П. од Скопје, удрило во мечка и ја усмртило. Нема повредени во возилото, додека мечката е предадена на Националниот парк ‘Шар Планина’. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово“, соопшти портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифоски.

    На истиот патен правец Тетово-Јажинце и речиси на истото место кај село Доброште на 14 јули годинава се случи сообраќајна несреќа во која исто така беше прегазена и усмртена мечка. Тогаш во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила, при што беа повредени двајца возачи.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира