УТРЕ ЌЕ ПОЧНЕ ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

    УТРЕ ЌЕ ПОЧНЕ ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕПрскање ќе се врши утре до сабота, од 23 до 4 часот наредниот ден (Фото: СДК.МК)

    Утре изутрина во Скопје ќе почне првото прскање против комарци, а  првата фаза ќе трае до сабота, соопшти Град Скопје. Прскање ќе се врши во периодот од 23 часот  до 4 часот наредниот ден.

    „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши кога ќе бидат поволни временските услови. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, велат од Град Скопје.

    Град Скопје годинава речиси месец и половина доцни со прскањето против комарци. Минатите години првото праскање се вршеше кон крајот на месец мај. Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов пред три недели рекоа дека се доцни со прскањето оти испитувале дали средството кое се користи е штетно и затоа тендерот не е завршен.

    „Јавната набавка за прскањето против комарците е почната на 19 февруари, и во овој момент е во завршна фаза, се очекува да помине рокот за жалби и да се склучи договор со субјектите кои треба да го извршат во согласност со програмата, усвоена од Советот на Град Скопје. Поради сомнение дека препаратите со кои се прска се штетни по здравјето на граѓаните, побаравме мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое треба да се употреби при прскањето. Во моментов во тек се административните постапки по што ќе се почне со аеросолното и терестичното прскање“, рекоа од кабинетот на Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира