УТРОВО ПРИЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ШЕСТ УЧИЛИШТА ВО КАВАДАРЦИ

    УТРОВО ПРИЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ШЕСТ УЧИЛИШТА ВО КАВАДАРЦИУчениците се евакуирани и во тек се антитерористички проверки, вели МВР. (Фото: СДК.МК)

    Анонимни дојави за поставени бомби во шест основни и средни училишта во Кавадарци ги евакуираа учениците од школите. Од полицијата сооптија дека пријавите се добиени утрово на електронска адреса на училиштата.

    „Утрово и претпладнево во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на шест училишта, три средни и три основни, во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти Ристе Самарџиев , портпарол на СВР Велес.

    Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кажа дека поради непосредна близина на едно од училиштата евакуирана е и градинка во село Марена. Евакуирани биле учениците од основните училишта ,„Тоде Хаџи-Тефов“’ Кавадарци, и подрачно училиште во село Бегниште, „Димката Ангелов-Габерот’’ Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, „Страшо Пинџур“ Кавадарци, и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново, Гимназијата „Добри Даскалов Кавадарци, шумарското средно „Ѓорче Петров“ и средното „Ќиро Спанџов-Брко“.

    Во Кавадарци има пет основни и три средни училишта и едно во село Ваташа.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира