ВАГОНИ НА ТОВАРЕН ВОЗ СЕ ИЗЛИЗГАА КАЈ КУМАНОВО, ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ПРЕКИН

    ВАГОНИ НА ТОВАРЕН ВОЗ СЕ ИЗЛИЗГАА КАЈ КУМАНОВО, ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ПРЕКИНОд МЖ Транспорт соопштија дека повредени нема, има материјална штета, и се работи на остранување на дефектот. (Фото: МИА)

    Вагони на товарен воз на МЖ Транспорт што сообраќал од Куманово кон Скопје, се излизгале ноќеска околу два часот на излезната свртница, поради што е во прекин железничкиот сообраќај, јави МИА.

    Според информациите од МЖ Транспорт повредени нема, а причинета е материјална штета. Железничкиот сообраќај од Скопје кон Куманово и обратно ќе биде во прекин до отстранување на дефектот.

    „Вработени во МЖ Транспорт и инфраструктура се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот. Ги информираме сите патници кои ја користат меѓународната линија Белград-Солун и обратно, ќе бидат превезени со автобус од Скопје до Табановце и обратно, согласно важечкиот возен ред. Локалните патнички возови кон и од Куманово (Табановце) нема да сообраќаат во периодот се до отстранување на дефектот“, соопшти МЖ Транспорт.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари