ВАЛАНДОВЧАНИ ВОЗНЕМИРЕНИ ОД НАЈАВЕНОТО МИНИРАЊЕ ВО КАЗАНДОЛ, ВЛАДАТА ВЕЛИ РАБОТИ НА ПРОБЛЕМОТ

    ВАЛАНДОВЧАНИ ВОЗНЕМИРЕНИ ОД НАЈАВЕНОТО МИНИРАЊЕ ВО КАЗАНДОЛ, ВЛАДАТА ВЕЛИ РАБОТИ НА ПРОБЛЕМОТНеофицијално, компанијата која доби концесија за копање руда во Казндол ќе прави минирање за изградба на патна инфраструктура до рудникот. (Фото: СДК.МК)

    Активистите против изградба на рудници од југоистокот се загрижени откако инвеститорот на рударскиот комплекс „Сардич МЦ“ соопшти дека ќе врши минирање на локации во областа каде планира да врши експлоатација на руда. Според соопштението минирањето ќе биде во период од 14 до 16 часот. Засега нема конкретни информации за што ќе биде минирањето. Според официјалниот сајт на компанијата речиси поголемиот дел од работите во градилиштето се завршени. Во завршна фаза е изградбата на работните и акумулациони езера, пумпните станици, цевководите, но и полето за лужење за издвојување на бакарот од рудата.

    Активистите од иницијативата Спас за Валандово се затекнати, бидејќи минатата недела протестираа и побараа од Владата мораториум на сите градежни активности. Тие тврдат дека целиот проект има правни пропусти при што најавија пријави против поранешни функционери за издадените концесии за експлоатација

    „Комплексот ’Казандол сè уште нема интегрирана А еколошка дозвола. Како може да вршат минирање без таа дозвола и дали инвеститорот има каква било согласност од министерствата или државни органи да врши минирање. Нашиот став е јасен дека ваков капацитет во нашиот регион не е потребен и бараме повторно Владата и ресорните министерства да реагираат оти се сомневаме дека целата постапка не е водена транспарентно и има низа правни пропусти“, велат од СОС Валандово како дел од неформалната асоцијација ,, Југоистокот против рудници“, која завчера најави дека ќе поднесе кривични пријави против поранешни функционери кои издале концесии за геолошки истражувања и експлоатација.

    Неофицијално дознаваме, дека минирањето компанијата го прави во рамки на самото градилиште за пробивање патна инфраструктура, а не за експлоатација на руда.

    Од Владата велат дека се во постојана комуникација со граѓаните од југоисточниот дел на Македонија и дека заеднички констатирале дека врвен приоритет е здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина. Владата во моментов бара правно-формални аргументи за да го заштити здравјето на граѓаните, но и интересот на државата.

    „Ќе направиме сè. Нашата намера е да ја спречиме изградбата на рудниците, сè што постои правно формално, а гледам дека има пропусти. Правните тимови работат, ќе ги издадат сите овие резултати што се како заклучоци“, вели премиерот Зоран Заев.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира