ВАЛАНДОВO НА 20 АВГУСТ НА РЕФЕРЕНДУМ ЗА КАЗАНДОЛ И РУДНИЦИ, РЕШИ СОВЕТОТ

    ВАЛАНДОВO НА 20 АВГУСТ НА РЕФЕРЕНДУМ ЗА КАЗАНДОЛ И РУДНИЦИ, РЕШИ СОВЕТОТРудникот Казандол продолжува да се гради (Фото: СДК.МК)

    Откако градоначалникот на Валандово Николче Чурлиновски не даде зелено светло на одлуката за распишување рефендум, мнозинството советници од Валандово повторно заседавааа при што ја потврдија одлуката донесена пред една недела. Референдум во Валандово ќе има на 20 август, на кој граѓаните ќе се изјаснат за продолжување на работата на рудникот Казандол, но и за отварање или не за нови рудници – потврдија осумте советници на седницата на која повторно не присуствуваа најголемиот дел од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Ние во моментов сме обврзани да распишеме референдум бидејки согласно законската регулатива, иницијаторот ‘Спас за Валандово’ ги има собрано и доставено потребните потписи. Не држи изговорот дека Советот нема надлежност да расправа за иницијатива за локален референдум“, кажа советникот Перо Костадинов кој цитираше дел од надлежностите на Советот во делот на мерките за заштита на животната средина и во делот на локалниот економски развој.

    Бидејќи по вторпат се носи одлука за референдум, ова значи дека градоначалникот Чурлиновски нема право да стави вето и ќе мора да ја објави донесената одлука за референдум во Валандово на 20 август.

    Градоначалникот Чурлиновски, со образложение дека Советот нема право да носи одлуки за кои не е надлежен, во петокот одби да ја потпише одлуката за референдумско изјаснување на валандовчани.

    Граѓанската инцијатива „Спас за Валандово“ мораше да собира потписи за да општинските власти распишат референдум бидејки на нивното барање се прогласија ненадлежни. Во канцеларијата на ДИК собраа 2.213 потписи, што се повеќе од 20 отсто од граѓаните со право на глас за да има граѓанско изјаснување за рудници во нивната општина.

    Валандово е четвртата општина каде ќе има референдум. Претходно жителите на Гевгелија и Богданци се изјаснија дека се против тешка и загадувачка индустрија во нивните општини, а на 23 јули ќе се изјаснуваат и дојранчани.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира