ВАНДАЛИЗАМ ВО ШТИП, УНИШТЕНИ АВТОБУСКИ ПОСТОЈКИ

    ВАНДАЛИЗАМ ВО ШТИП, УНИШТЕНИ АВТОБУСКИ ПОСТОЈКИОткорнатата постојка најмногу ја користат професорите од Универизтетот „Гоце Делчев“, кои секое утро чекаат автобус за дисперизираните факултети во Источна Македонија, како и работници од текстилните компании, кои чекаат превоз до фабриките каде што работат (Фото:СДК.МК)

    Откорната и превртена е автобуската постојка во центарот на Штип, која се наоѓа пред зградата на Домот на културата и Правниот факултет. Оваа постојка најмногу ја користат професорите од Универзитетот „Гоце Делчев“, кои секое утро чекаат автобус за дисперзираните факултети во Источна Македонија, како и работници од текстилните компании, кои чекаат превоз до фабриките каде што работат.

    Полицијата го потврди случајот и велат дека трагаат по сторителите. Во градот има и други оштетени постојки. Од општината најавија дека откорнатата постојка брзо ќе ја санираат, затоа што се работи за една од најфреквентните автобуски станици во центарот на Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира