ВАРДАР ВО ВЕЛЕШКО ЕНОРМНО ЗАГАДЕН, ВОДАТА НЕ Е НИ ЗА ПОЛЕВАЊЕ 

    ВАРДАР ВО ВЕЛЕШКО ЕНОРМНО ЗАГАДЕН, ВОДАТА НЕ Е НИ ЗА ПОЛЕВАЊЕ Вардар од влезот кај Велес до излезот е енормно загаден и не само што не е препорачливо капење, туку не смее ни да се да се полева почвата, ниту да се пои стоката (Фото: СДК.МК)

    Реката Вардар низ Велес и низводно до вливот на  реките Брегалница и Црна е надвор од сите  категории, соопшти Институтот за јавно здравје Велес, задолжен да го мери квалитетот на водите во Повардарјето. Вардар од влезот кај Велес до излезот е енормно загаден. Не само што не е препорачливо капење, туку не смее ни да се да се полева почвата, ниту да се пои  стоката.

    Езерото Младост има алги, изгледа дека е матно, но бактериолошки  е  исправно и добро е  за рекреација.   Реката Тополка, долниот дел од населба Превалец надолу не е за капење, има фекално загадување.  Реката Бабуна е чиста и по целиот нејзин тек може да  се   користи  за капење. Од селските водови во Повардарјето, сите кои немаат хлоратори се со загадена вода за  пиење, а има  бактерија  ешерихија коли, изјави  д-р Флорентина Шурбевска-Ристовска, директор  на Центар за јавно здравје  Велес.

    „Кај месното население забуна прави одбраната што организмот со годните ја создава. Тие имаат отпорност на бактериите и не можат да се убедат дека  водата не е квалитетна. Тврдат  ‘јас ја пијам водата 20 години и  не ми е ништо’. Ама ако се напие внуче кое дошло на  гости или некој  трет, се појавуваат проблемите, со повраќање со чести и течни столици. Ако ги дадат водите на  користење на некое јавно претпријатие, да се грижи да ги одржува чисти, да се хлорира, тоа  треба да се плати. Кај нив се јавува отпор, велат водоводите ние ги градевме, наши се – да тоа е точно, ги граделе за да имаат вода, но за да имаат  чиста вода треба да се  преработи. Тоа е вечна дилема по селата“, вели д-р Шурбевска- Ристовска.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира