ВДОМЕНИ 20 ОД 135 ЗАЛОВЕНИ КУЧИЊА ОД СКОПСКИТЕ УЛИЦИ

    ВДОМЕНИ 20 ОД 135 ЗАЛОВЕНИ КУЧИЊА ОД СКОПСКИТЕ УЛИЦИ„Лајка“ ја води кампањата „Вдоми куче, вдоми љубов“. (Фото: „Лајка“)

    За два месеца се вдомени заловени 135 кучиња од скопските улици, а дваесет кучиња се вдомени од Јавното претпријатие „Лајка“, велат од Град Скопје.

    Новиот објект на стационарот за кучиња на „Лајка“, беше пуштен во употреба на 17 ноември, и оттогаш покрај заловените и вдомените, стерилизирани се и 60 кучиња, кастрирани се 55, а 30 вратени на локацијата од кои се заловени по третманот.

    „Во овој период не е еутанизирано ниту едно куче“, вели Град Скопје.

    Наскоро скопски општини ќе треба да даваат пари за заловувањето на кучиња скитници. Секоја од десетте општини ќе треба да дава годишно по 32.000 евра на претпријатието, додека Град Скопје за оваа програма од буџетот ќе одвојува 160.000 евра.

    Според податоците на „Лајка“, низ скопските улици има 1.970 кучиња. Од претпријатието велат дека на граѓаните им изгледа оти во градот има повеќе кучиња бидејќи се собираат во чопори.

    Од почетокот на годинава до ноември, според податоците на Министерството за внатрешни работи, 562 граѓани пријавиле дека се каснати од куче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира