ВЕЌЕ НЕ ГО БАРАМ ГРОБОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, СЕГА ПИШУВАМ СТУДИЈА, ВЕЛИ АРХЕОЛОГОТ ПАСКО КУЗМАН

    ВЕЌЕ НЕ ГО БАРАМ ГРОБОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, СЕГА ПИШУВАМ СТУДИЈА, ВЕЛИ АРХЕОЛОГОТ ПАСКО КУЗМАНПаско Кузман своевремено изјави дека до крајот на својот живот ќе го бара гробот на Александар. (Фото: СДК.МК)

    Познатиот археолог Паско Кузман повеќе не го бара гробот на Александар Македонски, туку пишува обемна студија за археологија, заснована на неговото богато искуство од бројните археолошки истражувања.

    „Не го барам гробот на Александар Македонски. Сега сум ангажиран на пишување обемна студија за археологија. Тука ќе ја сублимирам мојата повеќедецениска истражувачка дејност. Сега сум во пензија, но исто како да не сум. Приоритети ми се некои работи од археологијата. Тоа ќе го правам до 101. година од животот, а потоа ќе видиме”, изјави Паско Кузман за СДК.МК.

    Кузман е познат по изјавата дека до крајот на својот живот ќе го бара гробот на Александар Македонски.

    На прашањето дали може да се претпостави каде се наоѓа гробот на големиот војсководец, Кузман лаконски одговара: „Таму каде што ќе се најде”.

    За неколкуте најави на археолози, патеписци и новинари дека го нашле гробот на Александар, тој вели дека тоа се луѓе кои сакаат на тој начин да стекнат популарност во јавноста.

    Поранешниот директор на Управата за заштита на културно наследство Паско Кузман во 2014 година беше осуден на три години затвор во случајот „Фаланга 2“ за трговија со артефакти.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира