ВЕЛЕС Е НА ТРИ РЕКИ, НО ВОДИТЕ НА НИЕДНА НЕ СЕ ЗА КАПЕЊЕ ОТИ СЕ БАКТЕРИОЛОШКИ НЕИСПРАВНИ

    ВЕЛЕС Е НА ТРИ РЕКИ, НО ВОДИТЕ НА НИЕДНА НЕ СЕ ЗА КАПЕЊЕ ОТИ СЕ БАКТЕРИОЛОШКИ НЕИСПРАВНИЕдинствено исправни се водите на езерото Младост и водите од Градскиот базен, покажале резултатите од мерењата во месец јули. (Фото: СДК.МК)

    Велес е покрај три реки, но водите на ниту од една од нив не се препорачуваат за капење и рекреација веќе дваесетина. Водите на реката Вардар, Бабуна и Тополка близу Велес не се исправни за рекреација и за капење, посочуваат од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) од Велес, кој го испитува нивниот квалитетот. Единствено исправни се водите на езерото Младост и водите од Градскиот базен, покажале резултатите од мерењата во месец јули.

    „Следењето се врши со санитарно-хигиенски увиди на локалитетите кои се од здравствен интерес и се користат за рекреативна намена. Само водите на езерото Младост и водите на Градскиот базен се епидемиолошко сигурни. Тие можат да се користат за капење и рекреација“, соопштија од ЦЈЗ Велес.

    Реката Бабуна, во нејзиниот долен тек не е дозволена за капење. Следењето на квалитетот на водите се врши на едно мерно место викано „Прва плажа“, кај фудбалското игралиште. Водите на река Бабуна се во трета класа по бактериолошка контаминација.

    Испитување на квалитетот на водите на река Вардар кај Велес се врши на две мерни места, на влезот кај мостот на Башино Село и на излезот кај Долни Дуќани. Анализите покажуваат дека водите се во четврта класа по присуство на амонијак и бактериолошка контаминација и истите не треба да се користат за капење, рекреација и наводнување. Реката Тополка во долен тек, пред вливот во река Вардар е во трета класа по бактериолошка контаминација и не треба да се користи за капење.

    Испитувањата на квалитетот на водите од езерото Младост се врши на четири плажи и сите тие одговараат на бараните микробиолошки критериуми.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира