ВЕЛЕС ИЗГРАДИ ЛЕТНИКОВЦИ НА ДВАТА НАЈВИСОКИ РИДА ВРШНИК И СВЕТИ ИЛИЈА

    ВЕЛЕС ИЗГРАДИ ЛЕТНИКОВЦИ НА ДВАТА НАЈВИСОКИ РИДА ВРШНИК И СВЕТИ ИЛИЈАРидот Св. Илија е на 565 метри надморска висина, а Вршник на 445 метри. (Фото: СДК.МК)

    Заврши поставувањето два летниковци на врвовите на ридот Вршник и ридот Свети Илија кај Велес, новите потенцијални излетнички места за велешани. Ги постави локалната акциона група „Вардар ЛЕАДЕР“, ридот Свети Илија е на 565 метри надморска висина, а Вршник на 445 метри.

    „Летниковците се поставени на атрактивно место каде посетителите ќе можат да рекреираат, пешачат и одмораат. Во близина на летниковците ќе бидат поставени по четири столбови со фотоволтаични светилки на сончева енергија, со што овие места ќе бидат осветлени и граѓаните ќе можат да ги посетуваат и во вечерните часови“, велат од Општина Велес, која со 60.000 денари го помогна поставувањето со изработка на постаменти.

    Проектот е поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој. Дополнително, десет столбови за осветлување ќе бидат поставени на излетничкото место, кај езерото Подлес, каде има веќе два летниковци. Ист летниковец беше поставен и во населбата Чашка.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира