ВЕЛЕС ЈА СТАВИ ВО ФУНКЦИЈА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ КОВИД ПАЦИЕНТИ

    ВЕЛЕС ЈА СТАВИ ВО ФУНКЦИЈА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ КОВИД ПАЦИЕНТИВо ковид болницата веќе се примени првите 16 пациенти (Фото: СДК.МК)

    Високата бројка на новозаразени со коронавирус во Велешко беше причина во функција да се стави модуларната болница во Велес. Само денеска се регистрирани 60 нови случаи, а зголемен е и бројот на згрижени пациенти во Општа болница, на Инфективното и на Интерното одделение.

    „Од денеска, во функција е пуштена и модуларната болница, во која се примени 16 пациенти, додека на Инфективното одделение се 32, а на Интерно десет. На кислородна поддршка се 21 пациент. Вкупно се хоспитализирани 58 лица, од кои 43 се потврдено позитивни, пет се сомнителни, а десет пациенти се со негативен брис, но се задржани на болничко лекување“, кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа болница Велес.

    Иако при отворањето на модуларната болница за ковид пациенти во Велес на 20 февруари министерот за здравство Венко Филипче најави дека за две-три седмици ќе стигнат дигитален рендген апарат и апарат за ехо дијагностика, нив засега ги нема.

    „Набавката на овие апарати касни поради блокадата од страна на опозицијата во време на техничката влада. Постапката е при крај. Кога ќе стигнат апаратите, ќе бидат дистрибуирани до сите вакви модуларни болници“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира