ВЕЛЕС ЈА УРЕДИ ПРВАТА ПЛАЖА НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ, ВЛАСТИТЕ АПЕЛИРААТ ДА НЕ СЕ ОШТЕТУВА ОПРЕМАТА

    ВЕЛЕС ЈА УРЕДИ ПРВАТА ПЛАЖА НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ, ВЛАСТИТЕ АПЕЛИРААТ ДА НЕ СЕ ОШТЕТУВА ОПРЕМАТАПрвата плажа ќе биде предадена на користење овој викенд (Фото: СДК.МК)

    Уредена е „Првата плажа“ на езерото Младост кај Велес, на површина од 5.000 квадратни метри. Таа може да ги прими првите гости уште овој продолжен празничен викенд. Се поставија соблекувална, тушеви, чешма, пристапна патека која е прилагодена за лицата со попреченост, сламени чадори, поставен е песок на плажата, санитарии, се изградија скалила, забавен парк за деца, потпорен ѕид и канал за атмосферска вода и за водата од тушевите. Ова е прва уредена плажа откако езерото е изградено од 1961 година, потенцира градоначалникот на Велес.

    „Во пресрет на големиот празник Илинден, симболично ја предаваме на користење првата уредена плажа на езерото Младост. Обезбедивме вода за пиење. Ја обезбедивме плажата од околните насипи. За најмладите има детско забавно катче. Плажата е прилагодена за лицата со попреченост. Има систем капка по капка, посеана е трева за да се зазелени околината. Обезбедивме и шест големи контејнери за отпад, за стакло и пластика. Ги потсетувам посетителите да ја чуваат урбаната опрема која е поставена“, кажа градоначалникот Аце Коцевски.

    На забелешките од посетителите зошто не се сече трската, Коцески потенцира дека таа е заштитена е со закон и не смее да се сече поради мрестот на рибата.

    Инвестицијата вреди еден милион денари, обезбедени од општинскиот буџет. На езерото веќе има две уредени плажи, но во рамките на угостителски објекти.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира