ВЕЛЕС ЌЕ ГИ СПАСУВА ЧЕТИРИТЕ ПРЕЖИВЕАНИ ПАЛМИ

    ВЕЛЕС ЌЕ ГИ СПАСУВА ЧЕТИРИТЕ ПРЕЖИВЕАНИ ПАЛМИТри од преживеаните палми се во Паркот на Офицерски и една во Младински. (Фото: СДК.МК)

    Од 47-те палми засадени во Велес, само четири опстанаа. И тие деновиве се заштитени од страна на ЈКП Дервен. Преостанатите преживеани, сега се обложени со трска и јутени вреќи на врвот, за да не им наштети претстојната зима и студот.

    „По острата зима минатата година, есенва преживеaја се само 4 палми, кои во текот изминатата недела беа заштитени со обвивка од јута“, изјавија од ЈКП Дервен.

    Пролетва од 47-те палми кои беа засадени во Велес во мај 2015 година, надлежните исекоа 33 кои се исушиле, па завршија на градската депонија, но како растителен отпад. Преостанатите 14 во текот на годинава беа оставени на преживување, оти дел од нив биле во лоша состојба, па им била дадена можност дали ќе опстанат, по што есенва се исечени 10 оти биле исушени. Така во Велес остана само уште 4 палми. Три се во Паркот на Офицерски и една во Младински.

    Според пресметките, една палма чинеше 500 евра. Или деновиве 5 илјади евра отидоа на ѓубриште, а вкупно 21,5 илјади евра од исушените палми во Велес завршија на смет.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира