Општина Велес започна со казнување лица кои узурпираат државно земјиште за приватни цели. Неделава, надлежните општински служби излегле на терен на локации посочени од граѓани дека се узурпира државно земјиште. Акцијата почна во населбата Керамидна.
„На барање на граѓаните од населба Керамидна, заедно со градежните инспектори бев на увид за утврдување на ситуацијата на терен, каде што несовесни сограѓани незаконски узурпираат државно земјиште. За двајца од нив е покрената постапка, а истото следува и за сите останати. Службите постапија кон отстранување на поставените обележја и објекти“, кажа градоначалникот Марко Колев.
Тој најави дека оваа акција ќе продолжи и во наредниот период.
П. ПЕЧКОВ