ВЕЛЕС ПОСТАВИ СТОЛПЧИЊА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЕШАЦИТЕ

    ВЕЛЕС ПОСТАВИ СТОЛПЧИЊА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЕШАЦИТЕСтолпчињата ќе оневозможуваат и непрописно паркирање на возилата (Фото: СДК.МК)

    На повеќе локации во Велес, пред пешачки премини, локалната власт постави безбедносни столпчиња. Со ова дополнително се означува просторот пред пешачките премини и е направено на барање на граѓаните и советниците.

    „Поставувањето на безбедносни столпчиња придонесува за дополнителна и поголема безбедност на градските улици, така што оневозможува непрописно паркирање на возилата на пешачките премини и ги зголемува видливоста на пешаците и прегледноста на возачите“, информираа од локалната власт.

    Проектот придонесува за подигнување на нивото на безбедност на пешаците како активни учесници во сообраќајот и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и несакани последици. За реализација на овие активности, од општинскиот буџет се издвоени 125.000 денари.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира