ВЕЛЕШАНЕЦ МОЛИ ДА МУ ЈА ВРАТАТ УКРАДЕНАТА КОБИЛА

    ВЕЛЕШАНЕЦ МОЛИ ДА МУ ЈА ВРАТАТ УКРАДЕНАТА КОБИЛАКобилата е украдена изминатиот викенд, од шталата на сопственикот Миле Манев во месноста Речани

    Од бавча е украдена кобила изминатиот викенд во околината на Велес, во месноста Речани. Сопственикот ги замолува сторителите да ја вратат, оти таа му е неопходна за работа.

    „Изминатата сабота ми беше украдена кобилата од шталата. Со нејзе работам долги години, ја обработувам земјата. Овој чин е нечесен. Ги замолувам тие што ја украле да ја вратат, оти прават голем грев. Ако имаат срце и душа нека ја вратат, таа е учена само со мене да работи. Вратете ја за да имате мир и спокој на душата“, вели сопственикот Миле Манев.

    Тој вели дека во перидот кога кобилата е украдена, соседите виделе во близина автомобил со прилепски регистарски таблички, со лилјакова боја. Од СВР Велес потврдија дека има пријава за украдена кобила од штала.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари