ВЕЛЕШАНЕЦ УАПСЕН КРАДЕЈЌИ ОД КОЛА ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС

    ВЕЛЕШАНЕЦ УАПСЕН КРАДЕЈЌИ ОД КОЛА ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАСКрадецот е задржан во полициската станица Велес, а потив него ќе бидат поднесени две кривични пријава и за тешка кражба и за непочитување на забраната за движење. (Фото: СДК.МК)

    Вчеравечер на приодот на Велес од правец на Градско, откриено е лице кое во време на полициски час поради коронавирусот насилно влегува и краде од автомобил. Настанот се случил пред поранешниот ресторан кој не работи, на вливот од река Тополка во Вардар.

    „Понеделникот вечер околу 21.30 часот, додека траела забраната за движење, од полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода М. А.(23) од Велес. Тој бил фатен при вршење на тешка кражба од автомобил, паркиран на улицата Димко Најдов. По извршениот претрес во неговиот дом, биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од други кривични дела кражби, како и алат и предмети со кои се извршени кривичните дела“, кажа портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

    Крадецот е задржан во полициската станица Велес, а потив него ќе бидат поднесени две кривични пријава и за тешка кражба и за непочитување на забраната за движење.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира