ВЕЛЕШАНИ БАРААТ ПОСТАВУВАЊЕ „П“ СТОЛПЧИЊА НА ТРОТОАРИТЕ, ДУЌАНЏИИТЕ СЕ ПРОТИВ ОТИ ИМ ПРЕЧАТ

    ВЕЛЕШАНИ БАРААТ ПОСТАВУВАЊЕ „П“ СТОЛПЧИЊА НА ТРОТОАРИТЕ, ДУЌАНЏИИТЕ СЕ ПРОТИВ ОТИ ИМ ПРЕЧАТЖителите бараат „П“ столпчиња за да се ослободат тотоарите од паркирани коли. (Фото: СДК.МК)

    За обезбедување на тротоарите за пешаците и за да не се паркираат возила, во Велес беа поставени таканаречените „П“ столпчиња. За дел од сопствениците на дуќани тие се неприфатливи, бидејќи ги оневозможуваат да стигнат до нивниот продажен простор за дотур на стока. Дел од жителите сметаат дека тие се непотребни, но  градоначалникот на Велес, Марко Колев, вели дека од многу локации има барања од велешани да се постават столпчиња.

    „Поставувањето на металните и пластичните „П“ столпчиња е во согласност со МВР. Граѓаните доставуваат предлози каде да се постават, со цел непречено движење на пешаците. Тие се поставуваат заради непрописно паркирање по тротоарите. Поставувањето на вакви столпчиња се покажа во најголем дел од градот како исправно и добро решение“, рече Колев.

    Стручните лица од локалната власт посочуваат дека граѓаните во голем број бараат поставување на вакви „П“ столпчиња, со образложение дека тротоарите не се паркинг места.

    „Има доста барање од граѓани, кои барат на одделени тротоари да се постават такви метални „П“ столпчиња за да се спречи паркирање на возила, а пешаците да ги користат тротоарите“, вели Веса Смилева од Одделението за комунални работи во Општина Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира