ВЕЛЕШАНИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД СТАРЕЧКИ ДОМ, А НЕКОГАШНИОТ СТОИ ПРАЗЕН И ПУСТ

    ВЕЛЕШАНИ ИМААТ ПОТРЕБА ОД СТАРЕЧКИ ДОМ, А НЕКОГАШНИОТ СТОИ ПРАЗЕН И ПУСТЛокалната власт се обиде во два наврати да го продаде објектот, откако претходно преку јавно-приватно партнерство, сакаше да го реактивира како Старечки дом, но неуспешно. Ниту за едното, ниту за другото нема интерес. (Фото: СДК.МК)

    Велешани имаат потреба од пензионерски дом, бидејќи постојниот е со капацитет кој не може да ги задоволи барањата на највозрасна категорија граѓани. Затоа, во сега веќе далечната 1985 година беше изграден старечки дом, кој потоа се трансформираше во Хотел, а откако неговиот корисник го напушти, десетина години е пуст и празен а времето го руинира.

    Објектот со одлична архитектура е обележје на левата страна од градот, веднаш до Железниот мост. Во дел од зградата е сместен Техничко- технолошкиот факултет од Велес, како и неколкуте деловни простории во приземјето, кој му дават живот.

    „Ако се види колкав број на пензионери има во градот и колкумина живеат сами, оти нивните деца, внуци заминаа од градот, државата и нема кој да им купи храна, даде лекови, јасно е дека е неопходен“, велат велешани.

    Локалната власт се обиде во два наврати да го продаде објектот, откако претходно преку јавно-приватно партнерство, сакаше да го реактивира како Старечки дом, но неуспешно. Ниту за едното, ниту за другото нема интерес. Не доаѓаат охрабрувачки информации, дека објектот може да му се врати првобитната намена, преку Владата, откако општината не успеа.

    „Моделот како овие објекти да работат е тој да биде одржлив. Нешто што порано функционирало а денес не, значи дека моделот не бил одржлив. Не можеме да помагаме нешто, што за некоја година ќе го нема. Овој објект и сличните ќе се вратат во функција, само кога моделот за нивно работење, биде одржлив. За да не се случи, по пет години, Владата да дава нови народни пари и вложува, за да опстане. Владата јавните пари мора да ги користи на ефикасен и ефективен начин. Сакаме да се згрижи една категорија граѓани, но тоа да не биде на грбот на друга категорија“ – порача Фатмир Битиќи при неодамнешната посета на Велес.

    Објектот кога беше изграден имаше 60 соби со 160 кревети. Поголемиот дел од инвентарот денес е украден, подолго време не е во функција, па времето го оштетува и прокиснува вода од покривот.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира