ВЕЛЕШАНИ ЗА ОПШТИНСКИОТ ПРАЗНИК ДОБИЈА НОВ ПАРК

    ВЕЛЕШАНИ ЗА ОПШТИНСКИОТ ПРАЗНИК ДОБИЈА НОВ ПАРКПовршината на паркот е 6.000 квадратни метри (Фото: СДК.МК)

    Нов парк од 6.000 квадратни метри добија жителите на станбениот комплекс УЗУС во Велес, близу поранешна Топилница. Тој беше отворен по повод 9 Ноември, Денот на Општина Велес.

    Паркот е хортикултурно уреден, со нова пешачка патека во должина од 370 метри и со внатрешни патеки со должина од 300 метри. Поставени се осветлување со 20 канделабри, урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци, детски реквизити и справи за вежбање.

    Општина Велес издвои 4,5 милиони денари од локалниот буџет за изградба на паркот.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари