ВЕЛЕШАНКА СЕ ПОРОДИЛА ВО ТАКСИ ВО ДВОРОТ НА БОЛНИЦАТА

    ВЕЛЕШАНКА СЕ ПОРОДИЛА ВО ТАКСИ ВО ДВОРОТ НА БОЛНИЦАТАОд Општа Болница Велес информираа дека бебето е здраво и живо и се во добра состојба заедно со мајката, на која ова и е второ дете. (Фото: СДК.МК)

    Утрово пред 7 часот, жена се породила во такси возило, во дворот на Велешката Болница. Бебето е здраво и живо заедно со мајката, информираа од болницата. Сведоци на настанот биле вработените кои доаѓале на работа. Една од нив била прва која притрчала на помош.

    „Таксистот ја отвори вратата од автомобилот и кажа дека жена се породува, по што една од медицинските сестри од детско, веднаш притрча, помагаше, дојдоа и сестри од Акушерско одделение и жената се породи во колата“, раскажува сведок на несекојдневното породување.

    Од Општа Болница Велес информираа дека бебето е здраво и живо и се во добра состојба заедно со мајката, на која ова и е второ дете.

    „Утрово во такси возило пресечена е папочна врска на жена родилка и бебе. Породувањето го извршиле две акушерки и сестра од детско одделение. Бебето е машко, тешко 3,2 кг долго 50см. И мајката и бебето се згрижени на акушерско одделение и се во добра здравствена состојба“, соопшти портпаролот д-р Весна Николовска Неделкова.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира