ВЕЛЕШКА ФИРМА КАЗНЕТА ЗАШТО НЕПРАВИЛНО СКЛАДИРАЛА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА

    ВЕЛЕШКА ФИРМА КАЗНЕТА ЗАШТО НЕПРАВИЛНО СКЛАДИРАЛА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛАФирмата не ги исполнувала условите од дозволата за управување со отпад (Фото: СДК.МК)

    Државната инспекција за животна средина извршила вонредна контрола во фирмата „АБ-Метал трејд 2021“ од Велес, при што било констатирано дека неправилно складирала хаварисани возила, за што ѝ е изречена парична казна.

    „Констатирано е дека согласно Законот за управување со отпад, правното лице не ги исполнува условите од дозволата за управување со отпад, а за одговорното лице е утврден прекршок согласно истиот Закон. Правниот субјект врши прием и складирање на искористени возила и нивни компоненти што не е одобрено во дозволата издадена од Министерството за животна средина“, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.

    Поради констатираните неправилности, бил изготвен Записник за спроведување постапка за спогодување.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира