ВЕЛЕШКИ „ДЕРВЕН“ НАБАВИ ДВА АПАРАТА ЗА ПОДОБАР КВАЛИТЕТ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ НА ВЕЛЕШАНИ

    ВЕЛЕШКИ „ДЕРВЕН“ НАБАВИ ДВА АПАРАТА ЗА ПОДОБАР КВАЛИТЕТ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ НА ВЕЛЕШАНИОваа инвестиција чини 1.100.822 денари. (Фото: СДК.МК)

    Велешкото комунално претпријатие „Дервен“ објави дека набавиле два апарата, дел од системот на работа на Фабриката за преработка на вода, за што инвестирале 2,15 милиони денари, сопствени средства. Набавен е систем за неутрализација со што се модернизира производниот процес и овозможува максимална заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

    „Во Фабриката за преработка на вода се постави систем за неутрализација, чија главна намена е во случај на инцидент, односно било какво излевање на штетни гасови, во случајов гасен хлор, да го прибере излеаниот хлор и да го неутрализира. Со ова се заштитува и здравјето и безбедноста на вработените во фабриката, но и околината“, соопштија од ЈКП „Дервен“.

    Оваа инвестиција чини 1.100.822 денари. Набавен бил и компресор со сушач за производство на сув воздух за озон генератор. Фабриката досега имала на располагање само еден таков апарат неопходен за работа на озон генераторот и истиот бил во функција непрекинато.

    „Со новиот компресор и сушач овозможено е посебно независно функционирање на системите еден од друг, така што е отстранета е експлоатацијата на непрекинато работење на само еден систем. При редовно сервисирање или несакан дефект на работниот компресор фабриката за преработка на вода за пиење има резервен компресор кој ќе овозможи производство на сув воздух за непрекината работа на озон генераторот“ , додаваат од ЈКП „Дервен“. И оваа инвестиција е со сопствени средства во износ од 1.050.000 денари.

    Процесот на озонирање на водата го нема во сите водоводни претпријатија во земјава, а придонесува за многу подобар квалитет и вкус на водата за пиење. Тој дел од процесот на производство на вода е воведен со самото пуштање во работа на Фабриката за вода на ЈКП „Дервен.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира