ВЕЛЕШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЦЕВСКИ ГИ ТРГНА КАФЕАНИТЕ ОД УЗУРПИРАНИОТ ЈАВЕН ПРОСТОР

    ВЕЛЕШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЦЕВСКИ ГИ ТРГНА КАФЕАНИТЕ ОД УЗУРПИРАНИОТ ЈАВЕН ПРОСТОРСтручните служби затекнаа загрижувачка состојба, заробени дрвја помеѓу тенди и олуци, ковани дрвени платформи, железни конструкции, поставени светлечки реклами на дрвјата, поставени цевки за одвод на вода без одобрение од надлежен орган кои завршуваа под земја. Оваа состојба мораше да се реши и зеленилото да се врати на граѓаните, вели градоначалникот Аце Коцевски (Фото: СДК.МК)

    Општина Велес почна да ја отстранува нелегалната урбана опрема поставена од дел од кафетериите на улицата Благој Ѓорев, спроти гимназијата. Ова доаѓа по долгогодишните барања на станарите од соседните згради, но и поради узурпацијата на јавните површини, рече градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

    „По долгогодишните реакции на жителите од зградите во соседството и претставките поднесени до Општина Велес за узурпација на јавните површини, преземавме конкретни мерки да го спречиме уништувањето на зелените површини и да излеземе во пресрет на барањата на станарите од околните влезови. Стручните служби затекнаа загрижувачка состојба, заробени дрвја помеѓу тенди и олуци, ковани дрвени платформи, железни конструкции, поставени светлечки реклами на дрвјата, поставени цевки за одвод на вода без одобрение од надлежен орган кои завршуваа под земја. Оваа состојба мораше да се реши и зеленилото да се врати на граѓаните. Сите се еднакви пред законот, а сопствениците да се придржуваат на одобренијата кои ги добиле“, изјави Коцевски и додаде дека се неоправдани реакциите на кафеанџиите на социјалните мрежи.

    Јавното комунално претпријатие „Дервен“ веќе го обработи просторот и се засади зеленило.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари